Ракометарите на Србија денеска како домаќини славеа голема победа над Франција (27:24) во првото коло од групата „1“ во квалификациите за Европското првенство.
Најдобри во победничката репрезентација беа екс членот на Вардар 1961, Мијајло Марсениќ, и Лазар Кукиќ со по шест голови.
На спротивната страна за „триколорите“ доминираа Кентин Мае со шест погодоци, а два помалку имаше Лук Абало.
Се одигра уште еден меч во квалификациите, во групата „6“ Белорусија дома со 33:25 беше подобра од Норвешка.
Потсетување дека Македонија веќе го започна циклусот, во ноември минатата година во групата „7“ стартуваше со две победи, над Финска (33:24) и Швајцарија (23:25).