Лапонија очекува рекордна туристичка сезона овој Божиќ, откако туристите се враќаат по двете зими поминати во ковид пандемиата.

Advertisements

Најмалку 63.600 посетители се очекува да патуваат во Рованиеми, регионалниот главен град, овој декември. Претходниот рекорд беше декември 2019 година кога градот пречека 61.000 туристи.

На периферијата на Рованиеми, селото Дедо Мраз е едно од најпопуларните туристички места во Лапонија. Привлекува бројни туристи од целиот свет.

Но, пандемијата сериозно ја наруши туристичката сезона во ова гратче, посебно во 2020-та кога се охрабрија да дојдат само 11 илјади туристи, но најголем дел од нив беа од Финска.

Годинава, веќе се отстранети ковид мерките и отворени се директни авионски линии од Даблин, Лондон, Брисел и Амстердам, поради што туристичките власти предвидуваат бизнис бум.