Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „АП њуз“.

Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на авионот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.

Воените товарни авиони Ц-130 се широко користени од турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.

Видео кое наводно го прикажува моментот на несреќата беше емитувано на турската приватна телевизија НТВ и други медиуми. Снимките покажуваат како авионот остава трага од бел чад зад себе.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Се урна турски воен авион во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија е превземен од МАКФАКС.