Новинарот Фуркан Салиу на „ПорталиX“ објави видео на кое се гледаат возилата украдениот „цитроен“ и бело „рено“ со кои, според информациите, била киднапирана 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Според видеото, во „цитроенот“ се гледаат возач и совозач со црни капи, како и нешто што наликува на бела вреќа во задниот дел од возилото.