Хеликоптерот што се урна во неделата во Хјустон кога удри во радио кула бил во приватна сопственост и властите веруваат дека се работи за несреќа.

На социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, се појави видео на кое наводно се гледа моментот кога хеликоптерот удрил во радио кулата и паднал на земја.

Шефот на полицијата во Хјустон, Ноа Дијаз, изјави дека не е јасно колку точно загинале, но наводно четири лица биле во хеликоптерот.

„Ќе има истрага, ова е голема несреќа“, рече Дијаз, истакнувајќи дека ќе биде вклучена и Федералната управа за авијација.

Несреќата се случила во неделата нешто пред 20 часот, при што кулата се урнала, изјави градоначалникот Џон Витмеј.

Витмајер верува дека ќе бидат потребни неколку дена за да се расчисти местото на несреќата. Сцената е блокирана од јавноста, пишува Daily Mail.

„Ова е трагичен настан вечерва, тоа е трагична загуба на животи“, додаде Витмајер.

Тој додаде дека целиот град е среќен што несреќата не била полоша, бидејќи во близина има резервоар за бутан.