Освен трговскиот центар „Бисер“ каде дуќанџиите се бореа со невремето, се поплави и новиот трговски центар „Ист гејт“. На приземјето, вода се излева од влезот. Дел од неа, навлезе и кај неколку дуќанџии. Ова доаѓа откако се поплави и улицата пред трговскиот. Засега непознато е каква е состојбата со подрумите и гаражите.