Се појави нова, аматерска снимка од пожарот на ковид болницата во Тетово, каде јасно се гледа дека низ пожарот, има и неколку експлозии, веројатно од кислородот.
Катастрофалниот пожар кој се случи на 8. септември во 21 часот, одзеде 14 животи на пациенти кои се лекуваа од ковид.
Пожарот придонесе за оставки на првите луѓе на здравството Филипче и Хасани, а оставки поднесоа и директорите на болницата во Тетово.