Лионел Меси за осум милиони евра купи стан во една од најлуксузните згради на светот „Porsche Design Tower“ во Мајами, пренесуваат шпанските медиумим.
За многумина оваа вест е интересна бидејќи се појави во време која на големо се шпекулира дека следен клуб на Лионел Меси може да биде Интер Мајами во МЛС лигата чиј сопственик е Дејвид Бекам.
Наводно, според шпанските медиуми, Меси му признал на Бекам дека е можно одреден период од кариерата да игра во САД.
Една од најпознатите луксузни згради во светот „Porsche Design Tower“ е висока 195 метри и има 60 спратови, а се наоѓа на плажата „Sunny Isles“. Во зградата има автоматизирана гаража со 284 места за паркирање која на сопствениците им овозможува свои возила да ги паркираат точно пред нивните станови. Во зградата има три лофтови кои ги креваат автомобилите до становите.
Лионел Меси наводно купил стан од 330 метри квадратни кој има три спални соби и се наоѓа на северната страна на зградата со поглед кон Атлантскиот океан.
Сопствениците на станови имаат и приватен базен, ресторан со тераса, спа тераса на која се наоѓа и фитнес центар.