Почна маршот за поддршка на жртвите од „Јавна соба“ отворена на „Телеграм“, каде се споделуваа експлицитни фотографии од жени, девојки и малолетнички.

Организатор е Платформата за родова еднаквост. Се маршира од Министерство за внатрешни работи до Јавното обвинителство.

Нивните барања се Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“  кој претставува кривично дело, во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.