Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе, не ја заврши денешната трка во ТЦР шампионатот во Монца. Вчера заврши четврти, денеска имаше можност за пиедесталот, но за жал пред време излезе во „аут“. Причина неспортски потег на еден од конкурентите.
Го удри позади, Иџе загуби контрола и заврши во ѕидот покрај патеката.
Веднаш по ова тој се огласи на социјалните мрежи, вели дека е добро, дека вакви работи се случуваат и дека е благодарен за поддршката.