Според Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ, ВМРО-ДПМНЕ, во свој режимски и познат стил повторно се обидува да ги стави под контрола средношколците.

Без јавна расправа, власта, додава таа, ги турка измените на Законот за средно образование, со кои директно се кршат правата на средношколците да се организираат и претставуваат како единствена сила.

Како што истакнува, во законските измени, во делот на ученичко организирање, избришан е Сојузот на студенти – единственото тело кое ги обединува средношколците на национално ниво и се залага за нивните интереси. Со тоа буквално ја затвораат секоја можност средношколците да се борат за себеси.

Им се одзема гласот. Им се одзема правото да одлучуваат. Кому сметаат здружени и силни, прашува Кузмановска.

„Овие законски измени го нарушуваат основното право да бидеме дел од демократските процеси во нашето општество. А, тоа многу нè потсетува на едно друго време, на еден режим и контрола врз образованието, кога бевме принудени да се организираме преку пленуми за да си ги одбраниме правата. Отстранувањето на Сојузот на средношколци е само дел од пакетот штетни измени на законите за образование, кои оваа власт ги турка по брза постапка. Овие измени се спротивни и на препораките на УНИЦЕФ, кои бараат системски и континуирани решенија за надминување на бариерите и создавање функционална поддршка за децата со попреченост“, нагласува таа.

Прашува зошто вакви суштински важни законски измени се туркаат на „брза лента“, без јавна дебата.

Децидна е дека образованието мора да биде натпартиска и надетничка тема.

Затоа, како што потенцира, Социјалдемократската младина на Македонија, апелира да се прекине со носење инстант решенија, кои се на штета на учениците.