Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и како ја оставила работата за да се посвети на детето.
Петрова, која е самохрана мајка, за „Супорт Кочани“ рече и дека ќе даде се’ што може за здравјесто на нејзиното дете, но неопходна и’ e помош.
„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема. Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е и помош од државата,“ рече Петрова.
Раскажа и дека го облекува синот, му ги мачка изгорените раце, му сецка јадење, за тој со левата рака може да принесе до устата.
(!) Содржината на видеото за некого може да биде вознемирувачка!
View this post on Instagram