Руска балерина, член на светски познатиот театар „Марински“ од Санкт Петербург, на заледен дел од Финскиот залив и при температура од -15 Целзиусови степени во балетен костим изведе сцена од балетот „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски.
Балерината Илмира Баграутинова објасни дека на овој начин сака да го изрази своето противење на изградбата на пристаниште во заливот Батареинаја, популарна плажа која се наоѓа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург, вториот по големина руски град.
Таа го објави видеото на интернет…
Балерината за новинарката на Би-Би-Си, Екатерина Венедиктова изјави дека се надева дека нејзиниот настап ќе ги охрабри властите да ги спасат вистинските лебеди што се гнездат во тој залив.