Видео-самит на седумте најразвиени земји во светот ќе се одржи денеска,во ек на пандемијата на коронавирусот и очекувања дека најбогатите ќе го одржат ветувањето дека вакцините ќе бидат достапни за граѓаните од најсиромашните земји
Со самитот, на кој ќе учествуваат лидерите на Франција, Германија, Италија, Канада, Јапонија и САД, ќе претседава британскиот премиер Борис Џонсон, а на него ќе доминира пандемијата, во која скоро 2,5 милиони луѓето досега ги загубија своите животи.
Најавено е дека Џонсон ќе зборува за успехот на научниците кои развиле вакцини против Ковид-19 за помалку од една година и потребата да се создадат нови видови вакцини во следните 100 дена.
– Способноста да се развијат ефикасни вакцини против коронавирус ни дава можност да се вратиме во нормала, но не смееме да се опуштиме, рече Џонсон.
Кабинетот на британскиот премиер објави дека Џонсон ќе вети дека секој вишок вакцини ќе биде дониран во програмата Ковакс, поддржана од ОН, со цел да се обезбеди имунизација на населението во најзагрозените земји.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа и САД треба што побрзо да донираат до пет проценти од сегашните залихи на вакцини во најсиромашните земји, а другите лидери на Г-7 исто така изразија поддршка за плановите за донирање вакцини.