Претседателот Румен Радев им додели бугарски државјанства на претседателот на забранетиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски и на секретарот на клубот Благој Шаторов, пренесува Трибуна.

Двајцата пристигнаа во претседателството, придружувани од нивните семејства, од Христијан Пендиков и други македонски Бугари.

Потпретседателката Илијана Јотова ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.