Манчестер Јунајтед го доби супер интересниот меч на „Олд трафорд“ против Виљареал, кој беше пресметка на двата минатогодишни финалисти во Лига Европа. Славеа „Црвените ѓаволи“ со 2:1. Виљареал поведе со голот на Алкасер во 53-та минута, но седум минути подоцна Телеш го израмни резултатот.

Во 95-тата минута се случи ерупција на „Олд Трафорд“. Кристијано Роналдо постигнува гол за целосен пресврт и победа на Манчестер Јунајтед, во мечот на кој стана рекордер по бројот на настапи во ЛШ.

Резултати ЛШ, 2 коло (среда)

Аталанта – Јанг Бојс 1:0

Зенит – Малме 4:0

Баерн Минхен – Динамо Киев 5:0

Бенфика – Барселона 3:0

Јувентус – Челзи 1:0

Манчестер Јунајтед – Виљареал 2:1

Салцбург – Лил 2:1

Волфсбург – Севиља 1:1