Играта на Роналдињо на фудбалските терени отсекогаш изгледаше како самба, а дека музиката му е во крвта покажува и неговиот нов проект.
Бразилецот влезе во хип-хоп водите како лидер на проектот „Tropa de Bruxo“. Славниот бразилски фудбалер на проектот работи како партнер, продуцент но и режисер.
– Музиката отсекогаш била дел од мојот живот. Бев пријател со многу самба групи. Ме мотивираше ефектот кој музиката го има на луѓето, а компонирањето музика отсекогаш ме превлекувало – изјави Роналдињо.
„Tropa de Bruxo“ дебитираше за време на божикните празници и нивната прва песна досега има повеќе од 2.5 милиони прегледи на Јутјуб, а Роналдињо исто така се појавува во спотот. Исто така гледаме дека пее заедно со останатите членови на групата, но за жал не може да ги слушнеме неговите гласовни можности и тоа можеби ќе се промени во иднинна.
– Отсекогаш сум ги сакам, рапот, хип хоп, а трапот е многу популарен во последните години. Поинаков е, стана хит меѓу младите, тоа е жанр со малку правила кој ги користи социјалните мрежи за експанзија – додава Роналдињо.
Новиот спот треба да се појави наскоро, а поранешниот бразилски репрезентативец најави дека до крајот на годинава ќе има уште осум нови синглови.