Советниот од СДСМ во општина Аерором, Милутин Ристески, соопшти дека Левица и ВМРО-ДПМНЕ го бараат Ќосето во Аеродром.

„Општина Аеродром ќе поднесе иницијатива до Собранието на РСМ за поставување на споменикот на Ќосето на своја територија. По предлог на Левица, а со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ, СПМ, Демократската партија на Србите во Македонија и Десница, Советот на општината на вчерашната седница ја усвои иницијавата со која овој споменик, клучен симбол на режимот на Груевски, се бара да биде поставен на територијата на Аеродром“, објави СДСМ заедно со видеото од говорот на Ристески.

Членовите на Советот од СДСМ, ВМРО-НП и НСДП гласаа против оваа иницијатива со порака наместо да не’ враќаат во темното минато на Груевски и Ќосето, ВМРО-ДПМНЕ и Левица нека се позанимаваат со решавање на реалните проблеми на граѓаните денес.