Многу луѓе барем еднаш годишно се соочуваат со овој непријатен здравствен проблем… Чувствувате болка и притисок во пределот на челото, очите и носот и имате потешкотии со дишењето? Прочитајте што да направите!
Доколку и вие мака мачите со синусите и на сите можни начини се обидувате да го решите овој проблем, погледнете го овој трик од ценетиот доктор Алан Мендела од Флорида, кој измислил два начини за одзатнување на синусите за кои ќе ви биде потребно помалку од минута, а можете да ги пробате веднаш.
1. Испружете ги палците и истовремено додека ја отварате устата притиснете ја со палците внатрешноста на увото. Испуштете го притисокот на ушите истовремено затварајќи ја устата. Ќе слушнете лесно пуцкање во ушите. Постапката повторете ја десет пати.
2. Затнете го носот, лесно вдишете и издишете држејќи ја устата затворена, при што ќе ви се надуат образите. Повторете три пати.
За воспалени синуси може да ви помогне и ренот. Потребно е секоја ноќ пред спиење да правите инхалации со рен, после неколку дена синусите ќе почнат да се чистат, а болката и непријатното чувство ќе исчезнат.