Србија и Португалија одиграа 2:2, пред се благодарејќи на судиите кои не видоа чист гол на Роналдо во продолжението од мечот. Но, на крајот по бод за двете селекции. Португалија водеше со 2:0, но во второто полувреме со головите на Митровиќ и Костиќ Србија успеа да израмни. Токму Митровиќ со неговиот гол стана рекордер, односно најдобар стрелец во истријата на српската фудбалска репрезентација.
Тоа беше емотивно за него, а по мечот кога даваше изјава не можеше да ги скроти емоциите, па заплака пред камерата. Митровиќ стигна до 39 голови во дресот на Србија, а секако има можност да ја зголеми оваа бројка.