Експресната пресуда за аферата Двојник е срамна, скадалозна и разочарувачка бијдејќи за нарушување на националната безбедност судот изрекол симболични казни, без точна квалификација на делото, а во истрагата не се опфатени лицата коишто реално можеле да издадат биометриски пасоши на балкански криминалци, вели професорката Фросина Ременски, во интервју со порталот Zoom.mk.
ВИДЕО: https://fb.watch/5p8m1tuAm5/
Професорката Ременски е изненадена што обвиниетите признале вина иако според нивните работни позиции се најниско рангирани во процесот на издавање на пасоши.
„Тие можеле да ги одобруваат барањата, но персонализавијата го правел некој друг сектор, кој што воопшто не е опфатен во оваа истрага. Ако гледате во хиерархијата таму имате помошник министер за комуникации и информатика и за управни работи, има раководители на тие отсеци, кои не се допрени со истрагата“, оценува Ременски.
Таа смета дека тврдењето на МВР дека истрагата за евентуално други инволвирани ќе продолжи е абсурдна затоа што истрагата влезена во судска постапка со одобрен обвинителен акт и со пресуда не може да се прошири.
Според неа, казните на Двојник се пониски дури и за обична џебна кражба затоа што тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, став еден од ленот 353 од Кривичниот законик, коишто предвидува казна до една година, без да се повикат дека злоупотребата е направено од службено лице, што ја зголелува одговорноста.
„Се плашам дека намерно е избран став од овој член од Кривилниот законик за да се добијат многу ниски казни, иако станува збор за многу сериозен криминал, поврзан и со фалсификување на патна исправа преку крадење на идентитет, преку влез во компјутерски систем. Ова е државен криинал, ова не е криминал од лица што се надвор од системот, ова е системски организиран криминал и не можете да го оправдата во јавноста немањето на организација, кога слушнавме дека и тој што беше во бегство се вратил“, објаснува Ременски.
Таа смета дека изјавата на судијката дека осудените ја нарушиле националната безбедност и безбедноста на други земји е скандалозна поради погрешната квалидикација на делото и несериозниот пристап на Јавното обвинителство во фаза на истрага и несериозен пристап на МВР во внатрешниот ситстем на контрола и приверка.
„Не видов дека Дирекцијата за заштита на личните податоци направил надзор и контрола. Не слушав од министерот за внатрепни работи дека некого суспендирал, не слушнавме дека внатрешната контрола по наредба на министерот или по службена должност отвориле внатрешна истрага за вклученоста на другите системи во рамките на МВР. Не слушнавме дека директорот на БЈБ донел одлуката за генерален и стручен надзор, што му стои на располагање според Законот за полициија, не слушнав дека помошник министерот за информатика и информации, во чиј сектор се ноаѓа отсеткот за персонализација на документи, да даде отчет за нивниот удел“, посочува Ременски.
Одговарајќи на прашањето дали Обвинителството може да води истрага за криминал против полицијата, таа вели дека такво нешто не може да се случи затоа што полициски службеник по наредба на обвинител треба да го истражи шефот или некој повисоко во хиерархијата.
Во врска со поврзаноста на заробената држава и случајот Двојник, Ременски смета дека случајот докажува дека таа е уште жива и покрај направените наводни реформи./Zoom.mk