Реката Брегалница се излеа од коритото во Делчево, oткако водостојот се зголеми преку ноќта.
Според видеото на МИА, реката ги поплави клупите во близина на реката, а жителите на овој град велат дека во изминатите десетици години ова е втор пат реката толку многу да надојде. Деновиве имаше обилни врнежи со над 20 литри дожд на метар квадратен површина.