Овој празничен ден искористете го да направите еден популарен рецепт за домашен леб со путер. Традиционално се направи со путер, но може и со маргарин, а вкусот ќе ве воодушеви.
Состојки:
– 1 кг. брашно
– 700 мл. млака вода
– 100 гр. путер (и 30 гр. за премачкување)
– 1 кесичка сув квасец или 30 гр. свеж
– 1 лажичка шеќер
– 1,5 лажички сол
Подготовка:
Измешајте ги водата, путерот, шеќер и солот со малку брашно. Потоа постепено додавајте го брашното се додека не ја потрошите цела количина и не добиете убаво тесто. Покријте го тестото и оставете го еден час на собна температура да мирува.
Промешајте, направете три помали лепчиња или еден поголем. Ставете го лебот на намастениот плех и оставете го да отстои половина час.
Премачкајте со малку повеќе путер одозгора и направете рез со нож на средината на лебот. Печете околу 40 минути на 220 степени. Ако правите еден голем леб, наместо 3 помали печете го на 200 степени околу 50 минути.