Екипата на Реал Мадрид вечерва доста тешко стигна до победа од 2:0 на домашен терен против Осасуна. Мечот практично беше решен за десетина минути, односно од 76-та до 80-та. Во овие минути Милитао и Касемиро погодија за победа од 2:0. Атлетико е лидер со 76 бодови, следува Реал Мадрид со 74, Барселона има 71 бод и натпревар помалку, тука е и Севиља со 70 бодови и исто така меч помалку. До крајот има уште четири кола.