Најдобрата македонска судијка, интернационалката Ива Пројковска доби уште едно големо признание од страна на Судиската комисија на УЕФА по нејзините годинашни добри арбитражи на меѓународната сцена. Таа беше главен судија на мечот од Лигата на шампиони за жени меѓу Барселона и холандскиот првак ПСВ Ајдховен.

-Како мала тренирав многу спортови, но професионално се најдов најмногу во фудбалот и судењето, вели за Утрински брифинг Пројковска.

Според нејзината евиденција од 2006 година кога почна да суди, има судено повеќе од 150 натпревари како главен, помошен и четврти судија. Во Македонија суди со голем успех и на натпреварите на машки екипи.

За разликата во судењето на машки и женски фудбал Пројковска вели дека во Македонија таа разлика постои.

Тука ми е многу полесно да судам на машки отколку на женски натпревари, бидејќи квалитетот е многу поголем. За разлика од Македонија надвор женскиот фудбал е каде каде поразвиен. Се игра многу побрзо, долги и точни пасови, контри, вели Пројковска.

Целиот разговор погледнете го во видеото: