Компанијата Дизни има нова акциона авантура „Raya and the Last Dragon“, која наскоро се надеваме ќе биде достапна и во домашните кина…

Одамна, во магичниот град Кумандра, луѓето и змејовите живееле заедно во слога. Но кога злобните чудовишта познати како Друн станале закана за планетата, змејовите се жртвувале себе си и го спасиле човештвото. Сега, 500 години подоцна, тие исти чудовишта се вратиле. Осамената воин хероина Раја мора да му влезе во трага на последниот змеј со надеж дека засекогаш ќе го запре непријателот.

Меѓутоа, за време на своето патување ќе научи дека за спас на светот е потребно нешто повеќе од магија – неопходна е довербата.

Трејлерот за оваа долго најавувана и очекувана анимирана авантура погледнете го во продолжение…