Основниот суд во Скопје доживотните пресуди затвор за тројцата осомничените во случајот Монструм ги изрекла без да ги почитува упатствијата на Врховниот суд, кој во 2017 година ги укинал пресудите и судењето го врати на почеток, вели Насер Рауфи, адвокат на одбраната, во интервју за порталот Zoom.mk.
Адвокатото Рауфи тврди дека Врховниот суд бара други цврсти докази затоа што понудените докази се несигурни и не упатуваат дека обвинетите се сторители на убиството.
„Врховниот суд јасно укажува дека нема докази кои се извршителите на овој грозоморен настан, вели не се знае, не е докажано, кој во кого пукал и со што пукал. Ако се земе предвид дека ни оружјето не е најдено, ниту има директен очевидец, кој сведочи за овој морбиден настан“, истакнува Рауфи во интервјуто.
Рауфи укажува дека обвинителството на само што не нашол нов цврст доказ, туку и наводниот загрозен сведок, на чија изјава се базирала првостепената пресуда, одпаднала поради неговите контрадикторни изјави.
„Ние докажавме со сведоци и снимки како одбрана дека сведокот не можел да го види Сами Лута за кои беше јасно дека тој немал долга коса до рамена на што инсистираше лажниот сведок, туку имал кратка коса. Го докажавме со снимка од свадба, на која тој присуствувал 50 дена пред убиството. Не било можно да му порасно толку косата по што првостепениот суд го ослободи“, истакнува Рауфи.
Тој смета дека загрозениот сведок е компромитиран затоа што ако се докажало дека очигледно не ја збори вистината за Сами Лута, тогаш како може да му се верува дека ја збори вистината и за другите обвинети.
Според него, ниту ДНК профилот од обвиниетиот Алил Демири од возилото кое е најдено 18 километри од местото на настанот не е доказ бидејќи не беше докажано дека тоа возила било присутно на чинот на убиството.
„ДНК профилот е најдено на еден од наслонот на задното седиште за кои се докажа дека се демонтажни, замислете дури не се сите исти. Тоа го констатира и Врховниот суд дека наслоните од сликите се гледа дека се различни. Значи дека тој наслон е подметнат. Дури и да е пронајден таму профилот, тој не упатува на ништо“, смета адвокатот.
Во врска со анализата на земја, за рауфи е крајно проблематична бидејќи вештото лице првобитно тврдело дека е извршено лаборатотиска анализа со софистицирани инструменти, и на крај се утврдило дека било направено само споредба на боите на земјштето.
„Прв пат кога дојде во 2013 година, без анализа каде што е најдено БМВ, на прашање зошто таму не е отидено, рече дека заборавила да земе. Накнадно направи таква анализа, сама отишла, замислете, без придружба, во услови кога возилото повеќе не било на тоа место. Од каде знаела каде било паркирано возилото. Земјата на ист локалнитет може да биде од различен состав“, констатира Рауфи.
Според него е неверојартно како вештакот пронашла земја од Смилково езеро на блатобраните на возилот, ако возилото од тоа место се движело 18 километри затоа што земјата се таложи и е неможно да се утврдите првата земја што се таложела на блатобраните.
„Се покажа дека вештачењето е чист фалсификат и требаше да се поднесе обвинение за лажно сведочење. Неместо тоа Судски совет на барање на обвинителката го прекина исказот и дадоа време од 15 дена да се извади и да се корегира некако“, се поптсетува Рауфи.
Според него, обвинителството не успеа да го докаже ниту мотивот дека се работи за голема исламска радикална група поврзани со Авганистан ИСИС затоа што после во главниот претрес излезе дека ниеден од нив не бил во Ирак, Иран и Авганистан.
„Отпадна мотивот дека се работи за голема радикална група. Беа притворени над 20 лица, за на крај да остане на три обвинети за кривилно дело тероризам“, заклучува Рауфи./Zoom.mk