Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска за време на својот говор на состанокот на „Отворен Балкан“ несакајќи скрши чаша.
Објаснувајќи му на комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, дека се скршила чаша, Рама посочи дека во нивната традиција кога ќе се скрши чаша „злобното око добило удар со неможност за опоравување“.