Бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средба со претседателот на Португалија Марсело де Соуза изјави дека Бугарија има најголем интерес од интеграцијата на нејзините соседи во ЕУ. Радев се заблагодари за сите напори на португалското претседателство околу возобновувањето на дијалогот меѓу Скопје и Софија, но подвлече дека проширувањето не треба да се гледа како механички процес.
„Проширувањето не е спринт при којшто ние треба да финишираме во одредено време. Проширувањето е заедничко патување на пријатели преку еден стабилен и неповратен процес“, истакна Радев.