Не ни треба преведувач, рече бугарскиот претседател во заедничката изјава со македонскиот колега, кој, пак, изрази надеж дека претстојат многу подобри денови во односите меѓу двете земји
Бугарија е подготвена да работи на градење мостови меѓу двете земји, за развивање на економските, образовните, трговските и културните врски и, најважното, за зближување на двата народа, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски е во Рим, по повод чествувањето на сесловенските просветители Килрил и Методиј.
Тој повтори дека нема потреба од европски посредници меѓу двете земји.
„Нема потреба европска земја да се вклучи, ќе ни треба преведувач. Зошто ни е преведувач“, рече Радев.
Тој посочи дека со Пендаровски се наоѓаат на свето место во Рим, каде што биле осветени книгите на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа, како што рече, е исклучително силен знак, за, како претседатели на С Македонија и на Бугарија да испратат јасна поракса до своите сограѓани за соработка, доверба, пријателство.
„Делото на Кирил и Методиј, кое не се слави само на нашите простори, туку многу пошироко, е пример како еден решителен чекор кон образование и писменост станува светост за словенските народи, која не поврзува со векови. Тоа не обврзува да ги искористиме сите можности и патишта за наоѓање решение и за најсложените прашања. Бугарија е подготвена да работи за воспоставување мостови меѓу нашите две страни“, изјави Радев во Рим.
(Целата сторија прочитајте ја на 360 степени)