Филмската компанија Ворнер Брос го објави првиот трејлер за продолжението на двата светски популарни научнофантастични филмски серијали за легендарните џиновски чудовишта Годзила и Кинг Конг.

По големиот финансиски успех на филмовите: Годзила од 2014 (повеќе од 500 милиони долари заработка), Конг: Островот на черепите од 2017 (повеќе од 550 милиони долари заработка) и Годзила: Кралот на чудовиштата од 2019 година (повеќе од 400 милиони долари заработка), дојде време наместо во кино-благајните овие две најголеми звезди од црно белата ера на филмовите за монструмите повторно да се сретнат во еден ист филм.

Режијата на филмот „Гоздила против Конг“ ја потпишува Адам Вингарс, а сценариото го напишаа Ерик Пирсон и Макс Борнстин, додека актерската постава ќе ја предводат Александар Скарсгорд, Мили Боби Браун и Ребека Хол.

Речиси точно 60 години подоцна овие два филмски гиганти повторно ќе ги вкрстат копјата. За кого навивате вие?

Погледнете го трејлерот…