Лучиано Спалети почна со убедлива победа на клупата на Наполи. Се разбира, станува збор за пријателска средба против нисколигашот Баса Анануниа, кои го совладаа со 12:0, а на полувреме беше 7:0. Овој противник не е вистинско мерило, но мечот само беше како тренинг натппревар за оние кои што се приклучија на подготовките, со оглед на тоа дека Спалети се уште го нема комплетниот состав. Првиот гол на мечот го постигна нашиот Елиф Елмас по само четири минути игра.