Тлото во Хрватска утринава не мирува. Регистрирани се повеќе земјотреси од кои првиот со јачина од пет степени според Рихтеровата скала во 6:28 часот.
Овој земјотрес бил почувствуван во Загреб, Ријека и Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси. Во целиот град се огласиле аларми на автомобилите, а според првичните информации, во становите е причинета значителна штета.
Нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала утрово во 7:50 часот повторно го погоди централниот дел на Хрватска.
Хрватските медиуми јавуваат дека земјата бил погодена и од трет потрес со јачина од 4,1 степен.