Во првиот натпревар од денешната неделна програма Челси во рамките од 21 коло во Премиер лигата Челси ја оправда фаворитската улога против Барнли (2:0).
После ремито со Вулверхемптон, ова е прв триумф на новиот менаџер на лондонските „сини“, Томас Тухел.
Стрелци на головите за домашниот состав беа Азполикуета во 40. и Алонсо во 84. минута од средбата.
Клубот од „Стемфорд Бриџ“ со деветтиот триумф сезонава се наоѓа на седмото место со 33 бодови, колку што има и шестопласираниот Тотенхем.
Токму тие две екипи на 4 февруари ќе ги одмерат силите во наредната лигашка рунда.