Фудбалерот на Кристал Палас, Заха е првиот играч во Премиер лигата кој одбил да клекне како знак на одавање на почит во борбата против расизмот. Пред почетокот на мечот, кога сите клекнаа, тој остана да стои.
–Чувствувам дека клекнувањето стана само дел од обичната рутина пред натпреварите. Без разлика дали клечиме или стоиме, некои од нас и натаму добиваат навреди. Јас ќе продолжам да стојам гордо, вели Заха.
Инаку, Кристал Палас славеше со 1:0 на мечот против ВБА.