Неколку десетици луѓе кои протестираа поради денешните избори во Казахстан, одржани без опозицијата, се приведени во главниот град Нур Султан, но пуштени се по неколку часа.

Интерфакс пренесува дека повеќе демонстранти се приведени во Нур Султан, а според новинската агенција Акипрес, повеќе од 30 демонстранти се приведени во Алмати.

Заменик министерот за внатрешни работи Аристангани Запаров рече дека сите приведени се пуштени без обвинение.

Пет партии се натпреваруваа денеска за места во долниот дом на парламентот, но сите и се лојални на владата. Единствената регистрирана опозициска партија во земјата одби да учествува на изборите, наведува АП.

Националистичкиот политичар Садир Жапаров, кој неодамна е пуштен од затвор поради протестите на кои е симнат претседателот на Киргистан минатата недела, најверојатно ќе ја освои власта на денешните избори.

Жапаров според досега обработените податоци освои 79 отсто од гласовите, но и дозвола од народот на референдум да го смени уставот со кој на претседателот ќе му се дадат многу поголеми овластувања, пренесува АП.