Во Атина се одржаа протести за поддршка на Палестинците со извици „Слободна Палестина“. Демонстрантите во Атина, носејќи палестински знамиња, се упатија кон израелската амбасада, која беше опколена од полициските сили, пренесува Ројтерс. Протестите во Атина се одржаа , како и слични демонстрации во бројни градови низ светот предизвикани од интензивните вооружени конфликти меѓу Израел и екстремистичката организација Хамас.