Неколку невладини ромски организации излегоа на протест пред судовите. Марш за правда е насловен овој протест, кој е поврзан за случајот во Битола, во кој полицаец е неправосилно осуден на едногодишна затворска казна за дело малтетирање при службена должнсот. „Правда за Битола“ скандираат присутните пред Кривичниот суд, каде се уште се собираат демонстранти од повеќе градови низ земјава.

Протестот е организиран од невладината организација „Аваја“, а е поврзан со случајот во Битола од минатиот септември, кој беше снимен и објавен на социјалните мрежи, а каде се гледа како полицаец физички напаѓа Ром пред Поштата во градот, откако возачот под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа и агресивно се однесувал кон полицијата.