Илјадници граѓани пред Основен суд Куманово протестираа за случајот на смртта на 4 годишниот Алмир Алиу.

Демонстрантите и семејството на Алмир бараат да се укине судската пресуда за казна затвор за таткото и чичото на Алмир, и нивно ослободување од обвинението. Тие добиле покана на 1 март да се пријават во затвор.

На 26 февруари е закажан протест во Скопје. Протестите следуваат откако Апелација ја потврди казната затвор од 6 месеци за таткото на Алмир и по 9 месеци за двајца други роднини. Апелација ја намали казната од 6 на 4 години затвор за сторителот на делото, Бобан Илиќ, кој го удри со автомобил 4-годишното момче, кое почина како последица на ударот.

Четиригодишниот Алмир Алиу беше смртно прегазен со автомобил од Бобан Илиќ на 4 јули 2016 година.