Пронајдени се двете девојчиња од струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје. Веста на Фејсбук ја соопшти мајката на едно од девојчињата која им се заблагодари на сите што се ангажирале на каков било начин во нивното пронаоѓање.

Според МВР, девојчињата биле пронајдени синоќа околу 23. 50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода.

Двете девојчиња биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје. Според пријавата на нивната професорка Е.А. последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаа мерки за пронаоѓање на малолетничките. Откако неколку часа не можеа да ги пронајдат, полицијата ја засили потрегата во вечерните часови. Во меѓувреме беше објавено и видео каде биле видени послетен пат.