„По две и пол години работата на комисијата не дава плод. Зад нејзиниот грб има 12 состаноци, а се завршиле само еден или два учебници кои опфаќаат краток историски период, којшто реално само ја допира нашата заедничка историја. Дури во моментот ние не можеме да мрднеме подалеку од средните векови, каде што реално се наоѓаме во нашите разговори, и досега не сме нашле ниту една корекна интерпретација во учебниците во РС Македонија“, изјави во емисијата „Уште од денот“, проф. Ангел Димитров, претседател на бугарскиот дел од мешовитата историска комисија.
Професор Димитров вели дека историчарите треба да работат внатре во комисијата, а политичарите треба да одлучат дали да прифатат, дали е нормално спроведувањето на Договорот со ваков ритам или не.
„Нашите колеги одбиваат да ја прифатат формулацијата заедничка историја. Ние очекуваме нашите колеги да се однесуваат со повеќе почит кон научните историски принципи. Научниците водат дебати , не водат преговори. Ние не можеме да водиме преговори, ние ја бараме најадекватната интерпретација која ќе одговара на интересите на двете земји. Во контекстот на претставата за заедничка историја нашите колеги бегаат од таа ситуација, нивниот приод е политички. Тие ги следат политичките нагласи во нивната земја и нудат апсурдни ситуации“, подвлекува професор Димитров во своето гостување во емисијата „Уште од денот“ на БНТ.
Што уште кажа Ангел Димитров погледнете во видеото: