Русија синоќа повторно изврши ракетен терор врз градовите во Украина. Во Уман има мртви и ранети лица, уништени станбени згради. Во Днипро,руското артилериско гранатирање ги одзеде животите на мајка и 3-годишно дете.
Како резултат на ракетен напад врз Уман, регионот Черкаси, оштетени се околу 10 станбени блокови. Во еден од нив е уништен целиот дел.
Спасувачите веќе ги извадија телата на 14 жртви од урнатините на делот од станбен блок уништен од руски проектил во Уман.
„Уман: телата на уште две лица штотуку се извадени од урнатините Досега во напад на станбен блок загинаа 14 лица“, информираат од прес-службата на МВР.
Како што претходно истакна министерот за внатрешни работи Ихор Клименко, на местото на настанот е поставен штаб и шатори, каде граѓаните од соседните куќи и од куќата што најмногу настрада може да чекаат додека локалните власти да им обезбедат засолништа.
„Во моментов локалната самоуправа им обезбеди храна на сите. Има и телефонска линија на која можат да контактираат роднините и пријателите на нашите граѓани кои живееле во оваа и во другите куќи погодени во оваа област“, ја цитира прес-службата на министерството.
Претходно Клименко објави дека, според прелиминарните податоци, во уништениот дел живееле 109 лица. Спасувачите ги извадија телата на десет жртви. Седумнаесет луѓе беа спасени, меѓу кои и три деца. Девет преживеани добиваат медицинска помош.
Како што е соопштено, Русите синоќа истрелале 23 крстаречки ракети кон Украина, од кои 21 биле уништени од единиците за противвоздушна одбрана. Украина исто така беше нападната од воздух со два летала – тие беа соборени во регионот на Кијив.
Украинската амбасадорка во Земјава, Лариса Дир за Цивил Медиа изјави: 429 ден.од целосната руска агресија. Државата-терорист и членка на ОБСЕ, рф вечерва повторно ја нападна Украина. Во Уман има мртви и ранети лица, уништени станбени згради. Во Днипро, артилериско гранатирање ги одзеде животите на мајка и 3-годишно дете. F-16 кои ќе помогнат да се заштити Украина од руските убијци.
Украинскиот претседателот Володимир Зеленски, на Телеграм објави дека има останато луѓе под урнатините.
Превземено од Цивил Медиа