Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски на својот ФБ профил објави видео во кое обвинува дека полицијата уапсила младо момче. Како што тврди тој младото момче по име Стефан било приведено без никаква причина. Костовски воедно додава дека набрзо по приведувањето Стефан е пуштен на слобода.
Инаку, почнувајќи од денеска па во наредните неколку денови ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира главни крстосници во неколку градови во Македонија. Нивно барање е Владата да открие јавно што содржи т.н патоказ со кој се преговара со Бугарија.