Уапсени се тројца бугарски државјани, кои според МВР прво вербално, а потоа и физички се обиделе да нападнат полициски службеници. На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како ги приведуваат, а еден од нив доби и неколку удари од полициски службеник.

Еве што велат од МВР:

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се  обиделе и  физички да ги  нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени  и се работи на целосно расчистување на случајот.