Денеска пристигнаа 200.000 кинески вакцини обезбедени во директни преговори со производителот Синофарм. Тие ќе бидат сместени во ладната соба во Полинклиниката Јане Сандански, по што истите ќе се дистрибуираат до пунктовите според закажаните термини за вакцинација.
Дневно ќе се вакцинираат околу 10.000 граѓани ширум државата, а како приоритетни ќе се земат сите пријавени преку веб страната vakcinacija.mk Вакцинацијата од вторник ќе започне и во останатите пунктови за масовна вакцинација кои се веќе подготвени за почеток со работа.
Министерот Венко Филипче во оваа прилика се заблагодари на амбасадорот на Кина, н.е. Џанг Ѕуо и до луѓето од неговиот тим кои активно се залагаа оваа пратка утрово да пристигне во нашата земја.