Едно возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Севиља и Реал Сосиедад во рамките од 18 коло во шпанската „Ла Лига“ исполнето со четири погодоци (2:2).
Домаќините поведоа уште во четвртата минута со погодокот на мароканскиот интернационалец Ен Несири.
Но, нивната радост не траеше подолго од една минута, поточно по нивна голема грешка.
Бразилецот Диего Карлос во намерата да ја врати топката кон својот голман, но не внимаваше најдобро и наместо рутинско додавање, на ефектен начин ја затресе сопствената мрежа, со т.н. лоб од 20 метри.
После израмнувањето на мечот, не така долго после скоро 15 минути игра на теренот двете екипи имаа по уште еден гол.