Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков се обиделе да излезат од земјава со своите пасоши со старото уставно име, но не успеале во своите намери, бидејќи биле вратени од пограничните служби.


Но, кога ги приложиле дипломатските пасоши, исто така важечки, но со „Република Македонија“, а не со „Северна Република Македонија“, влезот им бил дозволен на граничниот премин „Делчево“ кон Бугарија.

Тие ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи