Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков се обиделе да излезат од земјава со своите пасоши со старото уставно име, но не успеале во своите намери, бидејќи биле вратени од пограничните служби.
🎥Со @LefkovMile се упативме на граничениот премин Делчево. Погледнете како не затворија во "конзерва"👇 pic.twitter.com/7veAaNlph3
— Brane Petrushevski (@belichMacedonia) February 21, 2024
Но, кога ги приложиле дипломатските пасоши, исто така важечки, но со „Република Македонија“, а не со „Северна Република Македонија“, влезот им бил дозволен на граничниот премин „Делчево“ кон Бугарија.
Тие ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи























