Синоќа повторно дошло до разгорување на пожарот на Беласица во близина на селото Смолари, при што истиот интензивно се приближил кон црквата Св.Петар и Павле.

„Веднаш после првите повици од жителите на селото Смолари ТППЕ Струмица испрати екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.

Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото (висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет)“, се наведува на фејсбук страната на струмичките пожарникари.