Постојаниот известуваш за Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук се обрати на македонски јазик во видео пораката испратена до македонските граѓани по повод 30 години независност. Како што вели тој, Северна Македонија е пример за успешен модел на мултиетничка коегзистенција, но и фактор за стабилност во регионот. Потоа Ќучук продолжи на англиски јазик.
– Овој ден не само што ја означува независноста на Северна Македонија, туку покажува и колку сте постигнале од 8 септември 1991 година. Вашата издржливост и успеси во последните три децении се од ваша сопствена одлука. Не дојдоа однадвор. Како и секоја млада демократска земја, поминавте низ тешки времиња, но денес, можете да славите поради единството и хармонијата меѓу луѓето. Северна Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан, вели Ќучук.
Тој дополнува дека со единство и почит еден кон друг, вредности кои се силно застапени во владата на премиерот Зоран Заев, напредокот е неизбежен.